ЗА СПАС НА КОЊИТЕ ВО СКОПЈЕ, Р.МАКЕДОНИЈА!

Соочен/а со секојдневни слики на изнемоштени коњи на улиците на Скопје,болни, гладни и жедни, тепани и приморувани да се движат и тогаш кога не можат ниту педа подалеку, ја потпишувам оваа ПЕТИЦИЈА со барање да се забрани употребата и искористувањето на коњите на територија на град Скопје и пошироко, како влечно средство.
Свесен/на сум дека коњите најчесто ги користат сиромашните слоеви на населението, оние на кои судбината и општеството не им дала поинакви опции, оние што немаат услови за поинаку. Со нив сочувствувам и не осудувам никого, но сметам дека никој нема право да живее врз маките на недолжните животни.
Затоа го поддржувам Барањето да се запре мачењето на животните и да се стави крај на пеколот што го живеат на скопскиот асфалт. Барам Скопје да биде препознаето по хуманоста, а не преку мачењето на животните по улиците кое е трауматична слика за секој жител, но и бројните странски посетители кои се шокирани од она што го гледаат во главниот град на Република Македонија.
Ги поддржувам предложените 4 фази, посочени во јавното обраќање на Анима Мунди:
1) прва фаза во која би се евидентирале коњите на територија на град Скопје, нивната психофизичка состојба и секако сопствениците на тие коњи, за што здружението нуди помош.
2) Обезбедување на соодветна локација за сместување на коњи, нивно понатамошно живеалиште со капацитет за грижа, нега до 50 животни; обезбедување на работен тим кој би се грижел за животните (напомена – лицата да се задолжително луѓе кои сакаат животни и ја познаваат психологијата на коњите), за што здружението нуди помош.
3) Итно одземање сите коњи кои ќе се проценат како најизнемоштени, стари, болни, повредени и нивно сместување во наменското живеалиште (прва фаза) и со тенденција за одземање и сместување на сите останати коњи (втора фаза)
4) Обештетување на лицата кои го користеле коњот како превозно средство со соодветни превозни средства кои ќе одговараат за непречено движење во градот и го помогнат/унапредат нивното живеење.

со почит,


Анима Мунди    Kontaktirajte autora peticije

Potpišite peticiju

Popunite obrazac ispod da biste potpisali ovu peticiju koju je napravio Анима Мунди. Autor peticije će videti sve informacije koje prosledite putem ovog obrasca.


ILI

Dobićete email sa linkom za potvrdu vašeg potpisa. Kako biste bili sigurni da ćete primiti našu elektronsku poštu, molimo Vas da dodate info@peticije24.com u Vaš adresar ili na listu bezbednih pošiljalaca.

Plaćeno reklamiranje

Ovu peticiju ćemo oglasiti za 3000 ljudi.

Facebook