ЗА СПАС НА КОЊИТЕ ВО СКОПЈЕ, Р.МАКЕДОНИЈА!

коњче

/ #23

2014-07-23 15:06

Пред две години присуствував на сцена каде пред очи ми колабира коњ кој влечеше запрежна кола. Стопанот ром бездушно го маваше. Коњот се сруши на улица Орце Николов. Веднаш притрчавме 5 граѓани, му дадовме на коњот вода и натопен леб. Сакавме да му го одземеме на ромот и за малку ќе го претепавме. Викнавме полиција, но не сакаа да дојдат. Се јавив до служби на заштита на животни и ми одговорија дека проблемот е нерешлив. И да му се одземе коњот на нечовечниот газда, истиот ќе заврши во стационар каде ќе биде убиен. Ме советуваа во сличен случај да им пристапам на газдите и да ги замолам повеќе да внимаваат на животните.
Но проблемот може да се реши со поставување на контејнери во кои ѓубрето ќе може да се раздвојува, на пр. посебен контејнер за стаклени шишиња, посебен за пластика итн. Тогаш повеќе нема да треба да се сортира ѓубрето рачно и ќе се намали драстично присуството на коњи со запрежни коли.